KomPay

Твојот мобилен паричник.

Бесплатно дигитализирај ги твоите Mastercard® картички. 

Дознај повеќе

Што треба да знам за апликацијата KomPay на Комерцијална банка? 

KomPay е бесплатна мобилна апликација за бесконтактно плаќање, со која може да сe плаќа на ПОС-терминали без употреба на физичка банкарска картичка. Со неа, Вашиот мобилен телефон станува замена за платежна картичка. Ова е брз, лесен и безбеден начин на плаќање на голем број продажни места насекаде во светот. 

Видео туторијал за користење на KomPay апликацијата

Како можам да ја инсталирам апликацијата? 

Пред да ја инсталирате KomPay на Вашиот смартфон:

  • Проверете дали верзијата на оперативниот систем е Android 5.1 или повисока;
  • Уверете се дека оперативниот систем не е модификуван (рутиран);
  • Проверете дали Вашиот смартфон поседува NFC;
  • Обезбедете доволно простор на Вашиот смартфон;
  • Обезбедете активна интернет-конекција;
  • Поставете некоја од вградените опции за заклучување на екранот на Вашиот смартфон – password, fingerprint, PIN, pattern или сл.;
  • Исклучете ја опцијата за дебагирање.

Важно: Активна интернет-конекција не е потребна при плаќање со картичките.

=

Чекор 1

Потоа, од Google Play Store бесплатно преземете ја најновата верзија на KomPay и инсталирајте ја.

=

Чекор 2

При првото вклучување, внесете ја Вашата e-mail адреса и регистрирајте се.

/

Чекор 3

Прифатете ги условите за користење на KomPay.

Достапно на Google Play

Google Play и логото на Google Play се заштитни знаци на Google LLC.

Важно: Регистрација на KomPay е дозволена само на еден смартфон. Ако го загубите или сакате да го промените Вашиот смартфон,
јавете се во Центарот за поддршка на клиенти на тел.: +389 (0)2 3247 474

Како да се регистрирам на апликацијата?

ЧЕКОР 1

Веднаш по инсталацијата на KomPay, Комерцијална банка ќе Ви испрати код за верификација на Вашиот e-mail. Внесете го кодот во полето за верификација. Доколку не ја гледате пораката, проверете во папката СПАМ. 

r

Чекор 2

Изберете ПИН со 4 цифри што ќе го користите за најава во KomPay и за која било од картичките регистрирани во апликацијата. Потврдете го ПИН-от и одберете ОК. 

Важно: Овој ПИН ќе го користите при плаќање со која било од картичките регистрирани во KomPay.

Важно: Ако KomPay Ви побара, поставете ја како основна (default) апликација за мобилно плаќање.

Како да ја дигитализирам мојата картичка?

за да започнете со дигитализација на картичката:

Притиснете на празната картичка на екранот или на иконата во долниот десен агол. 

ВАЖНО

Треба да поседувате активна Mastercard®/Maestro картичка издадена од Комерцијална банка (не важи за картичките “Купувам домашно”).

Потребно е да имате средства на сметката на картичката. За картички со две сметки (на пр. Maestro) потребно е да имате средства на девизната сметка (околу 15 евра).

ВНЕСЕТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА КАРТИЧКАТА КОЈА САКАТЕ ДА ЈА ДИГИТАЛИЗИРАТЕ

Внесете ги информациите од предната страна на Вашата картичка: бројот на картичката, датумот на нејзиното истекување и називот според кој сакате да ја зачувате. Потоа одберете ЗАЧУВАЈ.

ВНЕСЕТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА КАРТИЧКАТА КОЈА САКАТЕ ДА ЈА ДИГИТАЛИЗИРАТЕ

На следниот екран внесете го трицифрениот број кој се наоѓа на задната страна од картичката (CVC2/CVV2)

Одберете ОВОЗМОЖИ.

=

ЧЕКОР 1

 Веднаш потоа ќе добиете верификациски код како износ на резервирана трансакција. Трансакцијата е само привремена и нема да се прокнижи во системот.

=

ЧЕКОР 2

Направeте увид во Вашата сметка преку Интернет банка или мБанка во делот на резервирани трансакции.  Резервираната трансакција е со опис „KOMPAY VERIFIKACISKI KOD“. Доколку имате картичка со две сметки, увидот направете го во делот на девизни сметки.

=

ЧЕКОР 3

Внесете ги трите цифри од вредноста на резервираната трансакција, без децимална точка. 

Важно: Потребно е да ги внесете трите цифри од износот на резервираната трансакција без валута и без децимална точка.
На пример, 1.23 се внесува како 123.

=

ЧЕКОР 4

Одберете ЗАЧУВАЈ, прифатете ги условите за користење на дигитализирани банкарски картички и почекајте процесот на дигитализација да заврши (може да потрае и неколку минути).

Успешно дигитализирана картичка

N

Дигитализацијата е успешна со појавување на сликата на соодветната банкарска картичка на екранот на KomPay и е овозможено копчето ПЛАТИ;

N

Важно: Бројот 10 под картичката означува 10 клучеви за еднократна употреба (single use keys) со кои можете да плаќате без активна интернет конекција. При секое поврзување на интернет бројот на клучеви се обновува и повторно е 10.

N

Преку истата постапка можете да дигитализирате повеќе од една Mastercard® картичка од Комерцијална банка.

Како да се најавам на апликацијата?

N

Стартувајте ја KomPay. Внесете го ПИН-ОТ за најава и веќе сте таму!

Можам ли сега да платам со својот телефон?

N

Да, сега можете да плаќате.

Осигурајте се дека е вклучена опцијата NFC на Вашиот телефон. Доколку сте дигитализирале повеќе од една картичка, најпрво одлучете со која картичка сакате да платите, па одберете ја опцијата ПЛАТИ.

ЧЕКОР 1

 Допрете го телефонот до ПОС-терминалот и тоа во делот каде ќе ја забележите ознаката за бесконтактно плаќање.
Вообичаено, тоа е во горниот дел на терминалот или над екранот.

Откако плаќањето е реализирано, резултатот ќе се прикаже на терминалот.

Може да користите и брза опција за плаќање: Отклучете го смартфонот и со вклучено NFC допрете го до терминалот за плаќање. KomPay автоматски ќе се стартува. Внесете ПИН и повторно доближете го смартфонот до терминалот. Плаќањето ќе се реализира со омилената картичка.

Ви треба дополнителна помош?

Пополнете ја формата и ќе Ви одговориме во најкраток можен рок или јавете се на телефонскиот број: (+389 2) 3247-474

15 + 11 =

Copyright © 2019 Komercijalna Banka AD Skopje. All rights reserved.